Џовани Симеоне летово од Фиорентина се пресели во Калјари. Во неделата Калјари ја декласира токму Фиорентина со 5:2, а стрелец на еден одо головите беше синот на славниот тренер Диего Пабло Симеоне. Пред почетокот на мечот имаше минута мочење во чест на Давиде Астори, кој почина лани, а кој во кариерта играл за двата клуба.
Џовани Симеоне го постигна третиот гол за Кајлари, а потоа не можел да ги задржи солзите.
„До крајот на животот ќе се сеќавам на овој натпревар. Натпреварите помеѓу Калјари и Фиорентина за мене имаат посебно значење. Астори секогаш ќе биде во моето срце“, рекол Симеоне.
Екипата од Сарднија е хит во Серија А, по 12 рунди се наоѓаат на третото место на табелата, немаат пораз на последните десет натпревари на кои седум пати победиле. Добрата форма Калјари само ја потврди против „виолетовите“.