Top Sport

Симеоне: Потешко е да се освои Ла Лига од Лигата на шампиони

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, во опширно интервју за „Марка“, ја коментирал сезоната во која неговиот тим ја освои шампионската титула. Атлетико, на 22.мај на „Хосе Зориља“, во Ваљадолид, ја освои 10.титула во клупската историја.

Темпераментниот Симеоне, за десет години како тренер на Атлетико, два пати успеа да ја освои Ла Лига, во која секоја сезона главни фаворити се Реал и Барселона.

„Луѓето секогаш мислат дека барам алиби, но вистината е дека низ историјата Реал и Барселона секогаш биле супериорни.Се случи во 2014 и 2021 година ние да бидеме подобри, но тоа не значи дека ние сме над нив. Го знаеме своето место и сакаме да бидеме подобри. Секој може да го толкува ова како што сака, но реалноста вели дека Реал, Барса, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Сити, Баерн се истороски клубови, но тоа не им гарантира дека секогаш ќе победат“, рекол Симеоне, потенцирајќи дека е потешко да се освои Ла Лига отколку Лигата на шампионите.

„Лигата на шампионите е убава, таа е нашиот сон, но да се освои Ла Лига е потешко од се. Треба да издржите трка која трае 38.кола. Тоа е долг сон“.

Атлетико, одбраната на титулата ќе ја започне на 15.август со гостувањето кај Селта.

Scroll to Top