Top Sport

Симеоне признава: Лемар не ги оправда очекувањата во Атлетико

Диего Симеоне признава дека крилото на Атлетико Мадрид, Томас Лемар не ги оправдал очекувањата досега, иако останува фан на Французинот.

24-годишниот Лемар дојде за 70 милиони евра од Монако во јули 2018 година, но не успеа да се наметне во првиот тим и во текот на зимата е поврзуван со трансфер во Арсенал, иако повредата на бутниот мускул може да го спречи договорот.

Пред саботниот дуел со Леванте, Симеоне не кажа дали ќе му биде дозволено да замине во јануари, но призна дека очекувал повеќе.

„Фактите зборуваат посилно од зборовите. Лемар е важен фудбалер за нас, кој не успеа да ја развие својата игра. Се надеваме дека ќе има подобра игра кога ќе се врати од повредата. Дали ќе остане или не? Знаеме дека агентите работат на свој начин, а клубовите на свој. Како фудбалер, тој има време да покаже. Неговите карактеристики секогаш ми биле омилени, но не успеа да ги исполни очекувањата“, вели Симеоне.

Scroll to Top