Top Sport

Кошаркарите и судиите со црна лента ќе оддадат почит на Стерн

НБА кошаркарите и судиите ќе носат црна лента на своите дресови и униформи до крајот на сезоната во знак на почит кон поранешниот комесар на лигата, Дејвид Стерн, потврди НБА лигата.

Стерн, кој ја трансформираше НБА лигата во глобален бренд во трите децении во кои беше на чело на лигата, почина во средата на 77 години, три недели откако имаше мозочен удар.

„Дејвид ја презеде НБА во 1984 како лига на крстопат. Во 30-те години како комесар тој ја формираше модерната глобална НБА, создавајќи историски медиумски и маркетинг партнерства и програми за социјална одговорност со која спортот дојде до милијарди луѓе низ целиот свет. Поради Дејвид, НБА е вистински глобален бренд“, изјави комесарот на НБА, Адам Силвер.

Во ерата на Стерн, НБА ги зголеми приходите од ТВ-правата од 10 милиони долари годишно на 900 милиони долари годишно.

Scroll to Top