Top Sport

Симеоне продолжува со „јорганџиите“ – останува најплатен фудбалски тренер

Атлетико Мадрид го продолжи договорот со аргентинскиот тренер Диего Симеоне до 2024 година. Симеоне кој е на кормилото на „јорганџиите“ уште од 2011 година.

Аргентинскиот стратег досега во главниот шпански град освои 8 трофеи, повеќе од било кој негов претходник.

„Со ова продолжување на договорот го продолжуваме нашиот возбудлив проект со Диего Пабло Симеоне. Фантастични вести за семејството Атлетико“ – се наведува во соопштението од клубот.

Симеоне беше најплатениот фудбалски тренер на светот. Годишно заработуваше 22.000.000 евра нето. Се очекува и новиот договор да не е под оваа сума.

Зад него на листата е Пеп Гвардиола со 13.000.000 евра по сезона. Следни се Конте, Мурињо, Зидан…

Четворицата членови на стручниот штаб на стратегот на „јорганџиите“ остануваат исти – Оскар Ортега, Пабло Варселоне, Нелсон Вивас и Хернан Бонвинвини.

Scroll to Top