Top Sport

Историски триумф за Полит на „Тур д`Франс“ – жолтата маичка ја задржа Погачар

Германскиот велосипедист Нилс Полит е победник на денешната 12. етапа на „Тур д`Франс“. Возачот на екипата „Bora-Hansgrohe“ до својот најдобар резултат на големите натпреварувања стигна со време од 3 часа, 22 минути и 12 секунди.

Етапата долга 159,4 километри од Сен Пол Тра Шато до Ним на втората позиција ја заврши Шпанецот Иманол Ервити со 31 секунда заостаток, додека трет беше Австралиецот Хери Свини.

Жолтата маичка наменета за најдобриот во генерален пласман се уште ја чува минатогодишниот шампион на „Тур д`Франс“, Тадеј Погачар со вкупно време од 47 часа, 6 минути и 50 секунди.

Следната етапа е од Ним до Каркасон во должина од 219,9 километри.

Scroll to Top