Кристијано Роналдо се враќа во Мадрид, но како фудбалер на Јувентус обидувајќи се уште еднаш да ги мине Атлетико Мадрид, овојпат во црно-белиот дрес. Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне вели дека нема многу да размислува за Португалецот во мечот од Лигата на шампионите.
„Тој направи одлука да смени клуб и отиде во Јувентус за да преземе голем предизвик. Но, јас не размислувам за мене, туку за моите фудбалери. Гризман, Мората, Коста, Коке, Саул… Сите се возбудени и сакаат да покажат добар фудбал. Лигата на шампионите е врвот, а Јувентус силен противник“, вели Симеоне пред мечот.
Тој вели дека Атлетико ќе оди на победа и на пласман понатаму.
„Откако лани не стигнавме дотука, сакаме да пораснеме како клуб и како тим. За победа уште нема трофеј, но двата тима имаат 50-50 шанси“, додава Симеоне.
Фото: ЕПА