Top Sport

Симеоне: Реал добро се бранеше во низок блок; Анчелоти: Ако Чоло го кажал тоа, тогаш тоа е комплимент

Реал победи со 2:1 во мадридското дерби против Атлетико и продолжи со перфектната низа оваа сезона во шпанскиот шампионат. „Моите играчи дадоа се од себе“, изјави тренерот на Атлетико, Диего Симеоне. Неговиот тим е на седмото место со осум бода помалку од Реал.

„Реал има многу моќен контранапад. Цврст е во одбраната, игра добро и одлично ги користи можностите. Тренерот на Реал заврши одлична работа“, изјави Симеоне, а потоа малку го „боцна“ тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
„Прекрасно е да се види тим кој брани толку ниско и на тој начин оди во контранапад… Ме потсетува на нашата игра кога го имавме Диего Коста во тимот. Тогаш сите не критикуваа…“

Новинарите му ги пренесоа овие зборови на Анчелоти.

„Ако не пофали што играме во низок блок, тогаш тоа е комплимент. Да, се браневме ниско, навикнати сме на тоа и со таа игра ги запревме опасните напади на Атлетико“, прокоментира Анчелоти.

Scroll to Top