Top Sport

Симеоне: Суарез ја доби задачата да го праша Меси дали има шанси да се пресели кај нас

Диего Симеоне, во летниот преоден рок, имал желба да го донесе во Атлетико, Лионел Меси. Во моментот кога Барселона објави дека нема да го продолжи договорот со Аргентинецот, тренерот на Атлетико, сакал да провери дали постои можност, Меси да тргне по стапките на Луис Суарез.

Тренерот на Атлетико, открил дека Суарез бил емисарот. Симеоне му дал задача на Уругаваецот да го побара својот пријател и да го праша дали постои шанса да му се приклучи во Атлетико.

„Јас не го барав Лео, го побарав Луис, му реков да му се јави и да го праша дали му се допаѓа идејата и дали постои и најмала шанса да дојде во Алтетико. Отприлика тоа траеше околу три часа, веќе беше договорен со ПСЖ“, признал Симеоне.

Scroll to Top