Top Sport

„Фјури-Вајлдер, еден од најдобрите мечеви во историјата на боксот“

Тајсон Фјури, во неделата, го победи Дионте Вајлдер. Британецот два пати се најде на подот, но успеа во 11.рунда да го нокаутира Американецот кој потоа не можеше да ја продолжи борбата.

„Фјури против Вајлдер ќе биде забележана како една од најголемите борби во историјата“, рекол легендарниот Мајк Тајсон, еден од најдобрите боксери во историјата.

„Боксот не беше многу квалитетен, но имаше многу акција и возбудувања. Борбата имаше храброст, срце, решителност. Сите победија, двајцата се запишаа во историјата на боксот“, заклучил Тајсон.

Scroll to Top