Top Sport

Симеоне утре ќе израмни рекорд на легендата на Реал

Фудбалерите на Атлетикo Мадрид, утре ќе го пречекаат имењакот од Билбао во натпреварот од 22. коло на Примера.

Натпреварот против Баскијците ќе претставува рекорд за тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.

Аргентинскиот стручњак ќе се израмни со 424 меча, со Мигел Муњоз (Реал), како тренери кои воделе шпански клуб на најмногу натпревари во домашното првенство.

Својот рекорд Муњоз го постави во 1974 година. На оваа листа виско котираат и Луис Арагонес (407) и Џон Бенџамин Тошак со 322 натпревари во Реал Сосиедад.

Наредниот викенд, во градското дерби против Реал, Симеоне ќе се израмни со легендарниот Луис Арагонес. Поранешниот шпански селектор, во кариерата го предводел Атлетико на 612 натпревари.

Scroll to Top