Top Sport

Симеоне за Гризман: Па зошто постојат тренерите?

Антоан Гризман ја игра втора сезона во Атлетико Мадрид како позајмен играч од Барселона. Започна добро, како џокер од клупата во првите три кола постигна два гола. Во понеделникот со неговиот гол Атлетико победи во Валенсија (1:0).

Минатото лето, во финишот на преодниот рок, Барселона и Атлетико се договорија Гризман две сезони да биде позајмен во Мадрид.

По завршувањето на оваа сезона Атлетико е должен да го откупи за 40 милиони евра, доколку исполни одредена клаузула поврзана со минутажа (минимум просек од 30 минути по натпревар).

Ова лето газдите на Атлетико се предомислија, не сакаат да го откупат Гризман, барем не за сумата која стои во договорот. Гризман не започна ниту еден натпревар во стартниот тим од почетокот на сезоната, наа таа тема зборуваше Диего Симеоне (52) пред натпреварот со Реал Сосиедад.

„Морате да ги натерате играчите да разберат дека 30 добри минути се поважни од 60 минути одиграни лошо. Сите сакаат да играат што е можно повеќе, но токму затоа има тренери, да ги носат најдобрите одлуки за својот тим“, изјави тренерот на Атлетико.

Во оваа сезона во Ла Лига, Гризман одигра 29 минути против Хетафе, уште 29 против Виљареал и 27 против Валенсија, а медиумите во Шпанија јасно го означија тоа како проблем на Барселона.

Гризман на почетокот на годината призна дека времето поминато на „Камп Ноу“ не било добро, па затоа сакал да се врати во Атлетико.

Scroll to Top