Top Sport

Симеоне за можниот трансфер на Гризман: Ништо не сум видел, ништо не сум слушнал

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, истакнал дека воопшто не размислува за потенцијалниот трансфер на Антоан Гризман во Барселона. Рекол дека во главата му е само финалето во Лига Европа.

Речиси во текот на целата сезона медиумите шпекулираат дека Гризман од наредната сезона ќе игра во Барселона. Каталонците наводно биле подготвени да ја платат откупната клаузула од 100 милиони евра.

„Воопшто не размислувам на таа тема. Единствено на што размислувам во овој момент е натпреварот против Хетафе в сабота и финалето во Лига Европа што се игра наредната среда. Ништо не сум видел, ништо не сум слушнал. Се грижам за својот тим, а Гризман е дел од тимот. Тренира како и секогаш“, рекол Симеоне.

Гризмман, во Атлетико, пристигна во 2014 година од реал Сосиедад за сума од 30 милиони евра. Францускиот репрезентативец за Атлетико одиграл 206 натпревари, на кои постигнал 110 гола и забележал 39 асистенции.

Гризман има договор со Атлетико до јуни 2022 година.

Scroll to Top