Top Sport

Симке ги „крена“ Болоња од мртвите со драматична победа (видео)

Болоња стигна до драматична 2:1 победа над Сасуоло во дербито на Емилија-Ромања од 29. коло од италијанската Серија А, за трета победа едноподруго на клубот под водство на новиот тренер Синиша Михајловиќ и конечно, излегување од зоната за испаѓање.

Замената Ерик Пулгар само што влезе во игра во 67. минута беше прецизен од белата точка за само шеста победа на Болоња оваа сезона. Меѓутоа, кога во Болоња ги броеја поените, Жереми Бога израмни во 92. минута. Драмата не заврши тука, откако дури во 96. минута Матија Дестро донесе драгоцени три поени за Болоња.

Со овој резултат, Болоња е на 17. место во Серија А со 27 поени, два повеќе од Емполи во тесната борба за опстанок во елитата.

Scroll to Top