Top Sport

Федерер го победи повредениот Изнер за трофеј број 101!

Роџер Федерер по четврти пат е шампион од Мајами опен, откако во неделното финале со 6:1/6:4 го победи повредениот Американец Џон Изнер за трофеј број 101 во неговата блескава кариера.

Со ова продолжува одличната пролетна низа на Федерер, кој претходно го освои и својот трофеј број 100 во Дубаи, пред пред две недели да загуби во финалето на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Ова е неверојатна 28 победа за Федерер на Мастерс 1000 турнирите, најелитните турнири веднаш зад гренд слемовите.

„Во првиот сет играв навистина одлично, направив многу брејкови, по што беше малку потешко во вториот. Жал ми е за Џон бидејќи последните неколку гема не беа вистински со неговата повреда. За мене ова беше нова фантастична недела. Играв тука првпат во 1999 првпат, и сега 20 години подоцна повторно сум тука. Пресреќен сум во Мајами“, вели Федерер.

Scroll to Top