Репрезентативецот на Данска и фудбалер на Милан, Симон Кјаер, доби посебно одликување во Италија, благодарение на неговото херојство на Европското првенство. Кјер ја заврши огромна работа во најкритичните моменти за спасување на животот на неговиот соиграч Кристијан Ериксен.
Кога тогашниот фудбалер на Интер доживеа срцев удар, Кјер му го извади јазикот, го опколи со соиграчите и му овозможи на лекарскиот тим да си ја заврши работата.
Кјаер ја доби наградата „Давид Астори“, која го носи името на поранешниот капитен на Фиорентина, кој трагично почина на почетокот на март 2018 година и предизвика голема тага во Фиренца.
„Најважно е Ериксен да се чувствува добро. Опкружен е со семејството и го работи она што најмногу го сака – игра фудбал“, изјави Кјаер.