Top Sport

Симоне Инзаги потпиша со Ал-Хилал

Италијанскиот тренер Симоне Инзаги е новиот тренер на саудискиот Ал-Хилал, потврди клубот.

Инзаги го презеде тимот само неколку дена по тешкиот пораз од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите.

Од Ал-Хилал, Инзаги доби двегодишен договор врз основа на кој ќе заработува 30 милиони евра по сезона.

Инзаги беше на клупата на „нероаѕурите“ четири сезони.

Тој го водеше тимот до финалето на Лигата на шампионите двапати, двата пати претрпе порази (Сити и ПСЖ), но му донесе на клубот трофеј во Серија А и два трофеи од Купот и Суперкупот на Италија.

Негов наследник на клупата на тимот од Миланo најверојатно ќе биде Сеск Фабрегас.

Scroll to Top