Македонија ЃП го одбрани трофејот во Купот на Македонија. Екипата на тренерот Горан Симов, во финалето ја победи Струга ТЛ со вкупен резултат 3:1. Натпреварот во регуларниот дел и продолженијата заврши 1:1, а пебал серијата им припадна на „Лавовите“ со 2:0.
Пенал серијата, по која Македонија ЃП го освои третиот трофеј во Купот во клупската историја долго ќе се памети. Играчите на Струга ТЛ не погодија ниту еднаш во четирите серии, додека Македонија ЃП од четири удари постигна два гола.
„Не ми е јасно што се случи со пеналите, ревија утки, ама се случува. Сè е од исцрпеност, умор ама и влогот беше голем. Струга не шутираше лошо, погодија пречки. Нашиот Мишевски нема промашено пенал со години, на секого може да му се случи ова. Чудна ситуација“, рече тренерот на Македонија ЃП, Горан Симов.
Фото/Игор Паневски/Топспорт.мк