Еидур Гудјонсен играше три сезони во тимот на Барселона, но тоа не го спречи неговиот син, 16-годишниот Андри Лукас Гудјонсен и официјално да се приклучи на „Ла фабрика“, академијата на Реал Мадрид.
Младиот Исланѓанец, кој игра како напаѓач веќе има неколку настапи за јуниорските селекции на својата земја, а сега ќе има шанса да се докаже и во елитната школа на Реал.
„Многу сум возбуден и горд да објавам дека потпишав со Реал Мадрид! Време е за почеток“, напиша Гудјонсен јуниор на Инстаграм.
Семејството Гудјонсен минатата година се пресели од Барселона во Мадрид, токму поради шансата која неговите синови ќе ја добијат во Реал.