Top Sport

Синиша Михајловиќ ќе добие отказ

Болоња не ја започна добро сезоната во Серија А, по пет натпревари се уште нема победа. Избраниците на Синиша Михајловиќ остварија три нерешени и два порази, поради што српскиот стручњак е на удар на јавноста и на клупското раководство.

Италијанските медиуми тврдат дека Михајловиќ е пред отказ поради лошите резултати.

Познатиот новинар Николо Скира објави дека сопствениците на Болоња го изгубиле трпението и дека ќе добие отказ доколку во недела неговиот тим не победи. Дури и во случај на победа можно е тој да добие отказ.

Наводно, спортскиот директор на Болоња веќе преговара со неколку тренери. Прв пик бил Португалецот Пауло Соуза.

Следниот натпревар Болоња го игра в недела од 15 часот против Фиорентина на стадионот „Ренато Дал Ара“.

Scroll to Top