Top Sport

Синиша Михајловиќ стана почесен граѓанин на Болоња

Љубовта на фановите на Болоња кон својот тренер Синиша Михајловиќ е одамна позната, а сега тој добива уште една почест, откако градот реши да го прогласи српскиот тренер за почесен граѓанин.

Тој оваа сезона ги врати Болоња во горниот дел од табелата откако лани успеа да им обезбеди опстанок, и покрај тоа што поголемиот дел од времето се бореше со леукемијата и беше на хемотерапија. Михајловиќ веќе е почесен граѓанин на Нови Сад.

„Да се стане почесен граѓанин на Болоња за мене е голема чест. Ова е вторпат да добивам ваква чест, по Нови Сад, но за мене, човек кој доаѓа од Србија честа е уште поголема. Болоња има посебно место во Италија, како универзитетски град и еден од најубавите градови во земјата. Се надевам дека ќе претставувам вистински пример за градот“, изјави Михајловиќ.

Scroll to Top