Top Sport

Синоќа избувнал голем пожар на Градскиот стадион во Тетово

Голем пожар синоќа го зафатил Градскиот стадион во Тетово во подтрибинскиот простор, а во огнената стихија изгореле и поголем дел од столчињата на еден дел од трибините. Пожарот на тетовскиот стадион избувнал вчеравечер и повеќе од еден час противпожарната единица во Тетово се борела да го локализира и изгасне. Огнениот пламен се појавил под трибините и ги зафатил локалите.

Причинета е материјална штета, а пожарот го гаснеле четири возила со девет пожарникари.

„Изгореа и дел од столчињата на стадионот. На почеток бевме доведени во опасност поради ‘фрлање на струја’, односно ненадеен проток, кратки споеви, експлозии и бидејќи водата е спроводник не можевме веднаш да интервенираме и тоа го сторивме откако беше исклучена струјата. Со употреба на пена спречивме понатамошно проширување на огнот“, изјави командирот на противпожарната бригада Ука Алити по успешната интервенција.

Scroll to Top