Top Sport

Сон и Канг Ли се степале пред полуфиналето со Јордан

Јужна Кореја доживеа голем неуспех со поразот од Јордан во полуфиналето на Азискиот куп. Неколку дена по завршувањето на првенството медиумите објавија дека пред полуфиналето била нарушена атмосферата во националниот тим на Јужна Кореја. Фудбалскиот сојуз потврди дека за време на првенството во Катар дошло до физичка пресметка помеѓу првата ѕвезда Сон и младиот Канг Ли.

Сон го повредил прстот, но и покрај инцидентот што го предизвикаа, Сон и Канг Ли се најдоа во тимот за полуфиналниот меч, а епилогот на лошите односи беше поразот од аутсајдерите.

Веста објавена во англискиот „Сан“, брзо ја потврдија од ФС на Јужна Кореја, а медиумите во таа азиска земја излегоа со повеќе детали за скандалот.

Се се случило на вечерата пред натпреварот со Јордан. Причина за реакцијата на Сон била одлуката на најмладите репрезентативци Канг Ли, Ву Сеол и Ву Јонг, брзо да го завршат оброкот и да заминат да играат пинг-понг.

Разочаран и лут што пред важен натпревар се нарушува единството во тимот и се прави бука пред сите да ја вечерата, Сон се обидел да ја прекине играта. Откако не го послушале асот на Тотенхем и еден од најдобрите играчи во светот го фатил за врат Канг Ли, а играчот на ПСЖ возврати со тупаница.

Корејските медиуми јавуваат дека Сон го избегнал ударот, но го повредил прстот. Постарите играчи во тимот побарале од селекторот, Јирген Клинсман да го исклучи Канг Ли од репрезентацијата, но Германецот одбил да го стори тоа.

Во нарушена атмосфера Јордан ја совлада Јужна Кореја се пласира во финалето каде што подоцна загуби со 3:1 од Катар.

Scroll to Top