Top Sport

Синот има плата од 6 милиони евра, а семејството исфрлено на улица

Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко, неодамна потпиша нов договор според кој заработува 6 милиони евра по сезона. Но, од денеска неговото семејство е на улица во Хамбург.

Јусуфа имал жестока семејна караница со својот татко, кој сакал да му ги контролира финансиите, а откако наполнил 18 години рекол дека веќе нема финансиски да ги помага. Всушност, тој го издржувал целото семејство.

Сега неговите татко, мајка, браќа и сестри, ќе мораат сами да се грижат и да заработуваат.

Тие претходно направиле долг од речиси 500.000 евра за куќата каде живееле, а сега заминаа во прифатен центар за бегалци.

„Персоналот најде добро сместување за нас и јас најдов работам. Немам само еден син, туку шест“, изјави Мари, мајката на Јусуфа.

Таткото Јосеф исто така ќе се обиде да најде работа.

„Нашиот син повеќе не нѐ издржува финансиски. Сепак, никогаш нема да кажам лош збор за него, тој е моја крв“, изјави таткото Јосеф за германските медиуми.

Scroll to Top