Давиде Анчелоти, син на познатиот италијански тренер Карло Анчелоти, кој моментално е селектор на Бразил, беше отпуштен од Ботафого. Анчелоти јуниор го презеде бразилскиот клуб во јули оваа година и тоа беше негово прво назначување како главен тренер.
Анчелоти го водеше Ботафого во 33 натпревари, забележувајќи 15 победи, 10 нерешени и 8 порази. Во бразилското првенство, Ботафого заврши на шестото место и беше елиминиран во осминафиналето на Купот Либертадорес.
Претходно, Анчелоти му беше асистент на Дон Карло во Реал Мадрид, Евертон и Наполи, а започна како фитнес тренер во ПСЖ.
„Ботафого објавува дека Давиде Анчелоти повеќе не е тренер на првиот тим. Фитнес тренерот Лука Гера и асистентите Луис Тевенет и Ендру Манган си заминуваат со него. Клубот му се заблагодарува на Анчелоти за неговата професионалност и посветеност додека го водеше тимот и му посакува успех во неговите идни предизвици“, објави бразилскиот премиерлигаш, додавајќи дека името на новиот тренер ќе биде објавено наскоро.
Foto/ depositphotos
