Ромео Бекам, синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, потпиша договор со англискиот Брентфорд, поточно со Б тимот.
Бекам во овој клуб ќе остане до крајот на актуелната сезона, а пристигнува од Интер Мајами, клуб во кој дел од сопственоста има неговиот татко.
За тимот од Флорида одигра 26 натпревари и постигна два гола.
Во помладите селекции настапуваше за Арсенал. Роден е во 2002 година и може да игра на сите позиции во нападот.
✍️ Welcome to #BrentfordB, Romeo Beckham!
The 20-year-old joins on loan from Inter Miami until the end of the 2022/23 season#BrentfordFC pic.twitter.com/KPAmWsvCOk
— Brentford FC (@BrentfordFC) January 6, 2023