Top Sport

Синот на Чоло Симеоне се сели во Наполи

Синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, Џовани, го реализираше најголемиот трансфер во кариерата, пренесуваат медиумите во Италија.

Популарниот „Чолито“, во новата сезона ќе игра за Наполи, со кого договори едногодишна позајмица вредна три милиони евра, со опција неговиот договор да биде откупен од Верона за 12.000.000 евра.

Во исто време, Наполи се договори за позајмица на својот напаѓач Андреа Петања во редовите во Монца. Доколку Монца обезбеди опстанок во лигата ќе мора да го откупи Петања за 10.000.000 евра.

Џовани Симеоне блескаше минатата сезона во дресот на Верона, 27-годишниот Аргентинец постигна 17 гола во Серија А и беше една од желбите на тренерот на Јувентус, Макс Алегри ова лето, а се споменуваа и Атлетико Мадрид каде тренер е неговиот татко и Арсенал.

Scroll to Top