Top Sport

Синот на Радомир Антиќ открива: Мислевме дека се опоравува

Душан Антиќ, синот на легендарниот тренер Радомир Антиќ, во интервју за шпанските медиуми вели дека тој и неговото семејство било шокирано од смртта на неговиот татко, бидејќи сметале дека тој успешно се опоравува.

Антиќ почина на 6 април на 72 години, и останува во историјата како единствен тренер во историјата кој бил на чело на трите шпански гиганти, Атлетико, Реал и Барселона.

„Навистина не изненади неговата смрт. Да, тој беше долго време болен, но тоа не изгледаше толку сериозно и сметавме дека се опоравува, но за два дена тој си отиде. Сега сум дома со мојата мајка, и можете да замислите како ни е. Со мојот татко поминав на ’Камп Ноу’, на ’Ванда метрополитано’, на ’Сантијаго Бернабеу’, и никаде немаше проблем со навивачите. Секогаш застануваше и се поздравуваше со луѓето. Имаше време за секого“, вели Душан Антиќ.

Тој признава дека бил воодушевен од реакцијата на шпанската јавност.

„Пораки не праќаа само навивачите, туку и различни луѓе. Немам зборови да се заблагодарам. Не очекував на телефон да ми се јави и Флорентино Перез, кој ми вети дека на стадионот на Реал ќе му оддадат почит на мојот татко“, додава Антиќ.

Scroll to Top