Top Sport

Наинголан волонтираше во Каљари делејќи храна!

Фудбалерот на Каљари Раџа Наинголан, иако призна дека многу се плаши од корона вирусот поради ракот со кој се бори неговата сопруга, денеска волонтираше во главниот град на Сардинија, делејќи храна на тие на кои им е најпотребна.

Популарниот „Нинџа“ утрото работеше на процесот на регистрација на семејствата на кои им е потребна дистрибуција на основните производи.

Католичката добротворна организација „Каритас“ објави дека наскоро и другите фудбалери на Каљари ќе волонтираат на слични проекти. Преку оваа програма се делат 200 пакети храна дневно на најсиромашните.

Наинголан стравува од корона вирусот поради сопругата која се бори со ракот

Scroll to Top