Тинејџерот Чарли Севиџ беше еден од шесте фудбалери од академијата на Манчестер јунајтед кој беше дел од составот на Ралф Рангник за мечот со Јанг бојс во Лигата на шампионите, и 18-годишниот Велшанец доби шанса да влезе во последните две-три минути од мечот, дебитирајќи за тимот кој го „израсна“ и неговиот татко, Роби Севиџ.
Роби Севиџ, исто така произлезе од академијата на Манчестер јунајтед, но си замина од клубот без настап за сениорскиот тим во 1994 година, по што играше во Премиерлигата за Лестер, Бирмигем, Блекбурн, Дерби и Брајтон.
18-годишниот Чарли Севиџ го потпиша својот прв професионален договор во април, и игра како фудбалер од средниот ред за У-23 тимот на Јунајтед. Негов идол е Скот Мектоминеј, уште еден фудбалер кој од детството е дел од „ѓаволите“.
Charlie Savage makes his Champions League debut.@RobbieSavage8: ''Coming on for Manchester United is Charlie Savage for Juan Mata. I never believed I'd ever say those words here at Manchester United. What a proud day for my boy. I'm so proud of him." #UCL #MUNYB pic.twitter.com/LBcb67DlQ3
— Football24/7 (@foet247europa) December 8, 2021