Top Sport

Синот на Роналдо е славен диџеј во Бразил

Роналд Назарио, 23-годишниот син на бразилската фудбалска легенда, Роналдо Назарио, на крајот реши да не го следи патот на неговиот татко и да стане фудбалер, и наместо тоа стана славен диџеј во Бразил, фокусирајќи се на електронска и хаус музика.

Роналд, кој е роден во Милано додека неговиот татко беше фудбалер на „росонерите“, а неговата мајка исто така е фудбалерка со 20 настапи за бразилската репрезентација, Милене Домнгеш, почна со фудбалот и беше дел од У-18 репрезентацијата, но потоа направи поинаква кариера.

Познат како ДЈ Роналд, тој има 347.000 следбеници на Инстаграм, и е редовен диџеј на Ибица, во Шпанија.

Scroll to Top