Каи Руни, синот на најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, се покажува како одличен талент, откако 11-годишникот откри дека ги постигна сите четири гола за У-12 тимот на „ѓаволите“, иако тие загубија со 5:4 од лутите ривали Ливерпул.
Руни јуниор е дел од академијата на Јунајтед откако потпиша договор во декември 2020 година, и тој оваа сезона покажува дека е одличен пред голот на противниците, откако веќе имаше еден хет-трик, пред да ги даде четирите гола против Ливерпул.
Оваа година младиот Руни не е единствениот кој носи славно презиме во академијата на Јунајтед, откако по враќањето на Кристијано Роналдо и неговиот син Кристијано Јуниор почна да тренира со „ѓаволите“.