Синот на легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард на Инстаграм се пофали со фотографија на која неговиот син Лио Џорџ го носи дресот на Арон Ремзи од Ливерпул, и од Јувентус не останаа покуси – му дадоа комплименти и надеж за иден договор.
Лио Џорџ Џерард, кој има две и пол години и е прв син на Џерард по три ќерки, очигледно е навивач на Ремзи (кој му одговори на Инстаграм дека му е чест), но и на Јувентус, клуб со кој Ливерпул не секогаш имал најдобри односи, посебно по хоророт на „Хејсел“ во 1985 година, кога 39 навивачи на „бјанконерите“ загинаа во Брисел бегајќи од навивачите на Ливерпул.
Официјалниот профил на Јувентус одговори на фотографијата: „Слатко мало момче, топ дрес и легендарен татко. Можеме ли да му понудиме место во нашиот тим во иднина“.
Тешко дека Џерард ќе ја прифати понудата, бидејќи неговото семејство отсекогаш било само вљубено во црвениот дрес, а самиот Џерард го носеше тој дрес 28 години, од својата седма година.