Лука Зидан син на тренерот на Реал Зинедин Зидан во иднина би можел да настапува за репрезентацијата на Алжир. Лука Зидан има настапувано за младинските селекции на Франција.
Челниците на Фудбалскиот сојуз на Алжир веќе оствариле контакт со голманот кој е роден во Марсеј со намера да го убедат на настапува за оваа африканска земја.
Јасно е дека Зидан има мали шанси да брани за Франција во сениорска конкуренција додека активни се Иго Љорис, Стив Манданда, Алфонс Ареола и Мајк Мајнан.
Алжир на синот на Зидан му нуди место во првиот тим.
Доколку ја прифати понудата Зидан би стекнал право да брани за Алжир во квалификациите за пласман на Светското првенство.