Легендарниот шведски напаѓач, Хенрик Ларсон ќе биде горд татко доколку неговиот син Џордан потпише договор со шкотски Селтик.
Ларсон постариот остави длабока трага на Островот, постигна 175 гола на 221 меч за „зелено-белите“, а сега многу лесно може да се случи неговиот син да тргне по неговите стапки.
Џордан Ларсон е роден во 1997 година и моментно настапува во Спартак Москва. Во досегашниот тек од сезоната игра одлично, веќе има постигнато 15 гола.
Дебитираме и за селекцијата на Шведска, има три настапи. Сепак вели дека Селтик има посебно место во неговото срце.
„Знам дека никогаш не сум играл за Селтик, но преку нив првпат дојдов во контакт со фудбалот. Одевме да го гледаме татко ми на стадион, што беше феноменално“ рече Џордан.
Ларсон помладиот се обидува да се оттргне од епитетот „Синот на Хенрик Ларсон“, а сака и да игра во ЛШ со екипата на Спартак.
„Знам дека сум во негова сенка, но се обидувам оттаму да се извлечам. Битно ми е да напредувам и татко ми да ме поддржува и да е горд на мене“ вели Џордан Ларсон.