Миленикот на публиката на „Енфилд“, Џибрил Сисе смета дека Килијан Мбапе би го трансформирал Ливерпул во најдобриот тим на светот и вели дека ова не е нешто што е тешко да се замисли.
Мбапе имаше неверојатен раст на фудбалската сцена по дебито во сениорскиот тим на Монако во 2015. Тој ги предводеше Монако до титулата во 2016/17, пред Пари Сен-Жермен да го направат вториот најскап фудбалер на светот. Меѓутоа, тој подолго време одбива да го продолжи договорот со ПСЖ, и иако Јирген Клоп инсистира дека клубот нема пари за 22-годишниот Французин, Сисе вели дека сонародникот е вреден за големата инвестиција.
„Да бидам искрен, зборував со некои новинари за Килијан Мбапе, бидејќи тој е најдобриот фудбалер на денешницата. Го гледам во Ливерпул, сигурно! Да, многу пари се, но се работи за инвестиција која е вредна. Тој веднаш би се вклопил во тимот. Умен е, знае да игра на различни позиции и ќе се надополнува со Салах и Мане. Ако остане и Фирмино, тогаш тоа ќе биде најдобриот тим на светот“, вели Сисе во интервју за „Дејли мејл“.