Top Sport

Сисоко го тужи „Сан“ за клевета

Муса Сисоко, поранешен играч на Вотфорд и Тотенхем, најави правна постапка против „Сан“, откако весникот го обвини дека додека играл за Вотфорд не платил струја во износ од 61.700 фунти.
„Сан“ објави дека „Ју Енерџи“, поднела тужба против Сисоко поради долгот, но Французинот тврди дека тоа нема никаква врска со тоа.

„Сан го искористи моето име и фотографија за приказна со која немам врска. Не ги проверија информациите и само затоа што некој има исто име и презиме како мене, мене и на моето семејство ни нанесоа штета и болка. Продаваат весници на моја сметка. Ќе ве тужам, а потоа судот нека си го одработи своето. Не можете да ги навредувате луѓето само за да го свртиш вниманието кон себе. Следниот пат ќе бидете повнимателни“, напиша Сисоко на Твитер.

Сисоко беше во Англија од 2013 до 2022 година и живееше во стан вреден три милиони евра, а „Сан“, објави дека не плаќал струја. Сисоко летово се пресели во Нант и го напуштил станот, но според весникот не си го платил долгот кон „Ју Енерџи“.

 

Scroll to Top