Фудбалерот на Тотенхем, Муса Сисоко, најверојатно ќе го пропушти првиот полу-финален меч во Лигата на шампионите, против Ајакс. Натпреварот се игра на 30 април, а веќе се знае дека истиот ќе го пропуштат Хари Кејн поради повреда и Сон Хеунг Мин поради жолти картони.
Муса Сисоко се повреди во четврт-финалниот реванш против Манчестер сити. Францускиот репрезентативец теренот го напушти во првото полувреме. Драматичниот меч заврши со победа на Манчестер сити (4:3), а поради победата од 1:0 во првиот натпревар понатаму мина Тотенхем.
„Муса Сисоко нема да биде подготвен, можеби ќе се врати во наредните две недели. Ние се надеваме дека тој ќе се рехабилитира многу побргу. Оптимисти сме“, рекол тренерот на тимот, Маурисио Покетино.
Тотенхем, вечерва ќе играат против Брајтон во Премиер лигата, а проблеми со повредите имаат голманот Иго Љорис и Хари Винкс.