Барселона и Реал Мадрид се заинтересирани за Ерлинг Халанд, како и неколку премиерлигаши, но никој од нив не е подготвен да ја исполни желбата на Норвежанецот и неговиот агент Мино Рајола за годишна плата од 35 милиони евра.
Околу 20-годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд многу се пишуваше оваа сезона, а Рајола заедно со неговиот татко, Алф-Инге беа на преговори со Барселона и Реал Мадрид, каде што се зборувало за можен трансфер. Во Мадрид, тие разговарале со генералниот директор Хозе Анхел Санчез, а во Барселона со претседателот Жоан Лапорта, но по крајот на овие разговори не е планиран приод од двата клуба, ниту понуда за големи суми.
Според порталот „Гол“, еден англиски премиерлигаш пред неколку месеци почнал преговори со луѓето на Халанд, но веднаш се откажал по дознавањето на астрономската сума. Реал и Барса, исто така се свесни дека во сегашната економска ситуација без навивачи на трибините, ваков потег е едноставно невозможен. Оттаму тие очекуваат значително намалување на барањата за да се реализира трансфер, посебно бидејќи ќе мора да им се плати и висока сума на Борусија Дортмунд.
И во Дортмунд се смирени, првично бидејќи имаат договор со Халанд до 2024, кој вклучува и клаузула за прекин во 2022 со отштета од 75 милиони евра. Тие се сигурни дека нема да го продадат Халанд дури и да не обезбедат место во ЛШ и единствено што може да ги премисли е понуда до 150 милиони евра, која исто така е тешко дека ќе пристигне. Борусија смета дека со преговорите со Џејдон Санчо минатото лето, кога Манчестер јунајтед неколку пати се обиде да стигне до договор, покажале дека нема да ги даваат своите таленти на „попуст“.