Top Sport

Сите голмани на кои Меси им дал гол добиваат шише пиво

Сите голмани на кои аргентинскиот фудбалер, Лионел Меси им дал гол ќе добијат барем едно шише пиво од компанијата „Budweiser“.

Меси го сруши рекордот на Пеле по бројот на голови за еден клуб на натпреварот против Валјадолид, со што стигна до бројката од 644. Пеле за Сантос постигна 643.


Компанијата „Budweiser“ е еден од спонзорите на Меси и тие на посебен начин сакаат да го одбележат огромниот успех на фудбалерот.

Интересно е што Икер Касилјас, поранешниот чувар на мрежата на мадридски Реал ќе добие дури 17 шишиња пиво.

Фотографии со пивски шишиња веќе објавија Јан Облак, Џанлуиџи Буфон, Кепа Аризабалага…

Scroll to Top