Тод Боли, газдата на Челси, ќе преземе радикални чекори во летниот преоден рок. Клубот од почетокот на сезоната вложи 611 милиони евра на засилувања и доживеа фијаско во сите натпреварувања.
Челзи беше елиминиран од Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите со вкупни 4:0, претходно тимот испадна од ФА и Лига купот, а во Премиер лигата се наоѓа на 11. место.
Тод Боли, според англиските медиуми, веќе донел одлука да ги намали платите на играчите за 30 отсто, но тоа правило нема да важи за сите. Оваа мерка важи само за играчите кои дојдоа во Челзи оваа зима и оние кои неодамна ги продолжија договорите со лондонскиот клуб.
„Football Transfers“, пишва дека втората мерка на Боли е да ги стави на трансфер листата сите играчи.
Според овој извор, во случај на поволна понуда во текот на летниот преоден рок, секој играч може да го напушти Челзи.
Во моментов Челзи има состав од 32 играчи, најскап меѓу нив е Енцо Фернандез, со пазарна вредност од 85 милиони евра, според „Трансфермаркт“.
Рахим Стерлинг, Кристијан Пулишиќ, Пјер-Емерик Обамејанг, Хаким Зијеш, Мејсон Маунт, Калуду Кулибали и Конор Галагер веќе се на половина пат да го напуштат Челзи на лето, откако не ги оправдаа очекувањата оваа сезона.
Челзи е на 11. место во Премиер лигата, со 17 бода помалку од четвртото место кое води во Лигата на шампионите.