Top Sport

Сите изговори на Јирген Клоп

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп повторно најде посебен изговор за поразот на неговиот тим, кој веднаш беше демантиран.

По поразот од Вест Бром од 3:2 на „Енфилд“ со кој испаднаа во четвртото коло на ФА купот, Германецот вели дека судијата Крег Посон не дозволил доволно дополнително време откако неколку пати се консултираше со ВАР-системот.

Тој отиде дотаму што изјави дека ТВ-каналот „БТ спортс“ ги „притиска“ судиите да даваат што е можно помалку дополнително време поради преносите.

„Слушнав дека во првото полувреме требаше да додадат 10 минути, а тие дадоа само четири. Слушнав дека од ТВ каналот им кажале дека не може да биде подолго од четири минути. Не знам што имало по преносот. Можеби вести“, изјави Клоп.

Водителот на „БТ спорт“, Џејк Хамфри вели дека изговорот е смешен, а со официјална реакција се јави и директорот на телевизијата, Сајмон Хјуз.

„Јас бев режисер на мечот и категорично одбивам дека никогаш не сме влијаеле на судиите за дополнителното време. Не само што тоа е непрофесионално, туку е и залудно“, вели Клоп.

Ова не е прв изговор на Клоп за пораз, откако претходно го обвини ветерот, сувиот терен и пропуштање на тактички тренинг, сè освен својот клуб.

Во мај 2017 година по ремито без голови против Саутемптон Клоп изјави дека теренот на „Енфилд“ бил премногу сув поради сончевиот период. Овој месец, повторно против Саутемптон, Клоп изјави дека ветерот е виновен за поразот.

Една недела откако го победија Манчестер сити, Ливерпул загубија од Свонси, кога изговорот беше настинка.

 

Scroll to Top