Top Sport

Заминува и Абутовиќ, Рајн Некар го потврди трансферот

Еден од најдобрите дефанзивци во европскиот ракомет, Илија Абутовиќ (29), по завршувањето на сезоната ќе го напушти Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата, во екипата на Рајн Некар Левен, потврди клубот на официјалната интернет страница.

Абутовиќ со Рајн Некар потпишал договор кој ќе важи до крајот на 2021 година.

Еден од најдобрите играчи на Вардар, во Скопје, пристигна во 2011 година во ерата на веселин Вујовиќ и е еден од ретките играчи од тоа време кои се уште го носат десот на актуелниот европски шампион.

Покрај Абутовиќ од наредната сезона во Вардар нема да бидат ниту голманот Арпад Штербик кој се договори со Веспрем, средниот бек Лука Циндриќ кој оди во Кјлеце и пикерот Мијајло Марсениќ.

Се шпекулира дека последната сезона во дресот на Вардар ја играат и Хорхе Македа, односно Вуко Борозан.

Клубот исто така го напушта и тренерот Раул Гонзалес кој од наредната сезона ќе биде предводник на ПСЖ.

Scroll to Top