Сопственикот на фудбалскиот клуб Олимпијакос, Вангелис Маринакис е позитивен на коронавирусот.
Маринакис во чија сопственост покрај Олимпијакос е и англскиот клуб Нотингем Форест, на социјалната мрежа „Фејсбук“, во вторникот објавил дека е заразен од опасниот вирус.
„Добро познатиот вирус ме посети, а јас почувствував дека сум должен тоа јавно да го објавам. Добро се чувствувам, бидејќи презедов мерки на претпазливост и ги почитувам препораките на лекарите. Ги советувам своите сонародници да го сторат истото. На сите им посакувам брзо да закрепнат“, напишал Маринакис.
Објавата на Маринакис под знак прашање го стави одигрувањето на натпреварот во Лига Европа помеѓу Олимпијакос и Вулверхемптон.
Маринакис во изминатиот период бил во контакт со фудбалерите на Олимпијакос, поради што тие во текот на денов заедно со останатиот персонал и членовите на струшниот штаб ќе бидат тестирани на коронавирусот.