Top Sport

„Сите против Јанг Бојс ќе освојат шест бода“

Менаџерот на Манчестер јунатед, Жозе Мурињо, бил задоволен од играта и победата над Јанг Бојс (3:0), го критикувал теренот во Берн и потоа помалку некоректно ги коментирал шансите на швајцарскиот првак во Лигата на шампионите.

„Не беше феноменално но беше добро. Важно е што победивме бидејќи веројатно сите во групата ќе освојат шест бода против Јанг Бојс. Сега не чекаат важни натпревари против Валенсија и Јувентус. Тоа се силни противници“, рекол Мурињо.

Манчестер јунајтед во наредното коло ќе ја пречека Валенсија.

Scroll to Top