Top Sport

„Ќе платите голема цена за овие солзи“

Црвениот картон и солзите на Кристијано Роналдо на „Метсаља“ во Валенсија, со сигурност, ќе бидат тема во медиумите и социјалните мрежи во наредните денови.

Португалецот имаше неславно деби за Јувентус во Лигата на шампионите, откако доби директен црвен картон во 30.минута. Роналдо беше во дуел со Муриљо, а главниот судија Феликс Брих, по консултацијата со помошникот му покажа директен црвен картон.

foto: epa

„Ова е голем срам за фудбалот. Првадата ќе излезе на виделина. Тие сакаат да го уништат мојот брат, но Бог никогаш не спие. Ќе платат голема цена за овие солзи. Сакаат да го спуштат на земја, нема да успеат“, напишала сестрата на Роналдо, Кати Авеиро.

За црвениот картон, Португлецот веројатно ќе биде казнет со два натпревари.

Scroll to Top