Огромната статуа на легендарниот тренер на Ривер Плата, Марсело Галјардо стана предмет на потсмев на социјалните мрежи поради еден необичен факт – пределот меѓу неговите нозе.
Аргентинскиот клуб ја откри статуата од осум метри на нивниот поранешен играч и тренер пред нивниот стадион, но наместо да се оддаде почит на неговите успеси, на социјалните мрежи главна тема е „топката“ во неговите панталони.
Уметникот Мерседес Савал вели дека детаљот е намерно направен.
„Го зголемив тој дел бидејќи сфаќам дека има врска со гестот кон фановите. Ова е фудбал, фановите секогаш бараат играчите и тренерот да ставаат многу ‘мадиња’ во својата игра, и тоа е потсвесната порака“, вели Савал.
Галјардо освои шест аргентински титули како фудбалер и уште една како тренер и си замина од клубот минатата година по крајот на договорот.