Top Sport

Сите во Италија бегаат од оваа награда – На Ибрахимовиќ му ја врачија на улица

Златан Ибрахимовиќ, најдобриот играч на Милан оваа сезона, одигра под своите можности во дербито против Интер. Во неделата, Интер го прегази Милан со 3:0 и се зацврсти на челната позиција во Серија А.

Медиумите се согласија дека Ибрахимовиќ потфрлил и дека тој е виновникот за тешкиот пораз.

Валерио Стефели, новинарот на сатиричната емисија „Стрициа Ла Нотициа“, на улица му ја врачил на Ибрахимовиќ наградата „Златен тапир“. Оваа награда, емисијата му ја доделува на фудбалерот кој е најлош во најважниот натпревар.
Ибрахимовиќ со насмевка ја примил „наградата“.

„Беше тешко во неделата, многу грешевме, нема оправдување за таквата игра. На наредниот натпревар ќе го носам тапирот, можеби ќе ми донесе среќа“, рекол стрелецот на 13 гола сезонава во Серија А.

Scroll to Top