Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед Патрис Евра жестокот ги критикувал сите во клубот по поразот од Тотенхем на „Олд Трафорд“ (1:6).
Јунајтед по водството во втората минута на Тотенхем им дозволија за само шест минути да направат целосен пресврт, а откако Марсијал во 30 минута доби црвен картон Спарси го декласираа противникот.
„Не сум човек кој промовира насилство, но овие од Манчестер Јунајтед заслужија по шлаканица“, рекол Евра.
Јунајтед од почетокот на сезоната загуби два од трите натпревари на домашен терен.