Top Sport

Сите заедно им се смеат на Германците

Елиминацијата на Германија во групната фаза на Мундијалот во Русија е засега најголемиот шок, и ако некој ужива во ситуацијата, тоа секако се Бразилците.

По понижувачкиот 7:1 триумф во полуфиналето на Мундијалот во 2014 на домашен терен, Бразилците се надеваа на шанса да се одмаздат на „елфот“ на фудбалскиот терен, но очигледно ваква елиминација е уште послатка ако се сметаат на реакциите на бразилските медиуми.

Во прв план тука беше ТВ мрежата „Фокс Спортс“, кои на Твитер апсолутно полудеа по поразот и елиминацијата на Германија.

Не смее да се заборави ниту на шведските и мексиканските фанови кои заедно ја прославија елиминацијата на Германија и пласманот во второто коло.

Исто како и Англичаните, кои се потсетија на поништениот гол на Френк Лампард во 2010 година.

Денеска е лесно да се смееме на Германците.

Scroll to Top